Изгледот на Пенелопе Круз: Потпетици од 12 центиметри во кои жените изгледаат совршено!

Шпанската глумица Пенелопе Круз заблеска благодарение на нејзините вртоглаво високи сандали

Нозете на Пенелопе Круз изгледаат совршено во овие сандали!

Актерката Пенелопе Круз во последно време е зафатена со промовирање на новиот филм „Љубејќи го Пабло“ (Loving Pablo) во кој глуми со нејзиниот сопруг Хавиер Барден. Во драмата на шпанскиот режисер Фернандо Леон де Араноа се зборува за озлогласениот шеф на наркокартел, Пабло Ескобар, кого одлично го одглуми Хавиер Барден додека улогата на новинарката која се заљубува во него ѝ припадна на Пенелопе Круз.

Убавата глумица на доделувањето на наградите од Унијата на синдикатот на актери и актерки во Мадрид се појавила на црвениот тепих во блескав фустан со сребрени светки без прерамки на Балмаин, кој го надополнила со исто таков елегантен шал.

Оваа модна креација одлично ја нагласила сензуалната силуета на латино глумицата, а посебно внимание привлекле нејзините сандали на висока платформа од брендот Версаче. Елегантниот модел на сандали со вртоглаво високи потпетици од 12 центиметри кои визуелни ги издолжуваат нозете и ги ставаат во преден план, а тоа е сигурно главната причина зошто познатата глумица се одлучила за нив.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време