Има нова стилистка и тоа се забележува: Кејт Мидлтон се прошетала во малку поинакво модно издание

Ви се допаѓа?

ФОТО: Profimedia

Ново издание на популарната војвотка од Кембриџ

Додека светот полека се одмора од вести поврзани со принц Хари, Меган Маркл и синот Арчи Харисон, принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон се упатиле во северниот дел на Велс.

Љубителките на модата не можеле а да не забележат една новина кај популарната 37-годишна војвотка од Кембриџ.

ФОТО: Profimedia

Својот надалеку познат стил на кралска женствена елеганција, убавата Кејт овој пат го заменила со поопуштена варијанта. Станува збор за шик-издание кое многумина ги потсетило на славните модни музи – Французинките.

Проверено добрата комбинација се состоела од атрактивно црвено сако со два реда копчиња, кое го потпишува брендот Philosophy, а тоа сигурно не би изгледало вака трендовски, опуштено, но и галантно, да не го искомбинирала со црна ролка, црни тесни панталони и црни високи чизми.

ФОТО: Profimedia

А и со модните додатоци му се приближила на францускиот изглед, особено со атрактивната чантичка од сјајна црна, крокодилска кожа што ја потпишува Mayfield by Aspinal of London.

Складниот црно-црвен стил го разбила со прекрасни златни обетки.

Како ви се допаѓа ова издание на популарната војвотка?

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време