Има 64 години и ја нарекуваат движечка ХАРИЗМА: Кога зачекори со шлиц до колкот, настана лудница меѓу фотографите (ФОТО)

Шерон Стоун по премиерата на филмот „Засекогаш млад“ со своето присуство ја почести и премиерата на хорор-филмот „Злосторства на иднината“ и остави силен впечаток.

Убавата актерка зачекори на црвениот тепих во Кан во фустан на италијанската модна куќа „Долче и Габана“, направен специјално за неа.

Зелената тоалета со шлеп и деколте во облик на срце ја следи линијата на телото во горниот дел, а се шири во долниот дел. За сензуалноста на оваа креација придонесува високиот преден шлиц, кој исто така е украсен со блескави кристали „Сваровски“.

Шерон го искомбинирала фустанот со сатенски сандали, кои исто така се во зелена боја. Убавицата се одлучи за минимална шминка и изгледаше апсолутно совршено.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.