Им оддала признание на жените во светот: Меланија Трамп во моќен капут ја пречекала првата дама на Чешка

Сите ги воодушевила

И овој пат изгледот на првата дама бил во прв план

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, им оддала признание за храброст на жените од 10 земји ширум светот. Во оваа прилика истакнала дека храбрите жени се она што му е потребно на нашето општество.

Награди добиле жени од Бангладеш, Џибути, Египет, Ирска, Јордан, Мјанмар, Перу, Шри Ланка, Танзанија, но и новинарката Оливера Лукиќ од Црна Гора. Покрај новинарки, награди добиле и жени што работат во полиција.

И овој пат изгледот на првата дама бил во прв план, па многумина се воодушевиле од нејзиниот кожен зелен капут во кој се појавила на церемонијата. Капутите во последно време се чест избор на Меланија Трамп, па нејзиниот избор никого не го изненадил.

Креацијата на Алекса Чанг била распродадена во рекорден рок откако првата дама се појавила во ова издание. Изгледот го надополнила со познатите беж салонки на Кристијан Лубутен.

По доделувањето на наградите, Меланија се вратила во Белата куќа да ја пречека првата дама на Чешка, Моника Бабишова.

Многумина го споредувале гламурозниот изглед на двете први дами и додека Меланија не стигнала да се преслече, тоа воопшто не ја намалило нејзината модна победа. Првата дама на Чешка одбрала долг розов капут со крзно на ракавите и потпетици во неутрална нијанса, а под капутот носела бел фустан.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.