Храбро издание за романтична вечера со свршеникот: Џеј Ло во џинс од глава до петици!

Интересен стајлинг

Славната актерка и пејачка носела тексас-парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, но спаѓаат во најризичните модни потези

Џенифер Лопез (50) била фотографирана на улиците во Њујорк со свршеникот Алекс Родригез (45) додека оделе на романтична вечера.

Парот отишол во еден популарен ресторан на Менхетн, а модната комбинација што Џеј Ло ја облекла за оваа пригода го привлекла вниманието на минувачите и на дежурните фоторепортери.

Актерката и пејачката во сите пригоди се труди да ја нагласи својата фигура на песочен часовник, што и овој пат било случајот, па се појавила во џинс-парчиња од глава до пети.

Во тесни припиени фармерки, тексас маичка и класична јакничка со потпис на американскиот бренд „Левис“, Џенифер не го испуштала од рака својот партнер.

Изданието го заокружила со високи потпетици и чанта направена од различни тексас-материјали.

Фото: Џенифер Лопез и Алекс Родригез се подновија со вила од 40 милиони долари
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.