Хит моден тренд: Сите го сакаат, а Џесика Алба го наметна овој стил на сезоната!

Коженото здолниште во топла боја на карамела стана апсолутен хит на сезоната, а меѓу првите што го прошетаа е холивудската ѕвезда Џесика Алба. Ова впечатливо парче облека, што спојува елеганција и урбан став, повторно се враќа на модната сцена во полн сјај.

Елегантно, женствено, но со доза на урбан бунт – коженото миди-здолниште во нијанси на карамела, коњак и бордо стана must-have парче оваа есен. Откако Џесика Алба го прошета на ревија во Њујорк, овој модел веднаш стана предмет на желба и во регионов.

Комбинацијата од кожа и топли тонови создава чувство на моќ и елеганција – токму она што секоја жена го бара оваа сезона“, вели модната уредничка Мина Јовановиќ за „Убавина и здравје“.

Модниот избор на Џесика Алба

На ревијата на брендот Tory Burch, Џесика блесна во кожено миди-здолниште со висок струк, комбинирано со проѕирна металик блуза и хулахопки во бордо нијанса. Комбинацијата на кожа, тул и сомот создаде совршен баланс меѓу женственост, храброст и софистицираност.

Токму затоа, овој модел стана омилен и кај жените во регионот – изгледа луксузно, но е доволно практичен за секојдневна употреба.

Како да го носите оваа есен

📌 За деловен изглед: комбинирајте го со класична бела кошула и чизми до глужд.
📌 За вечерен излез: додајте свилена блуза и високи потпетици.
📌 За урбан стил: носете го со мек памучен џемпер и патики – контрастот меѓу текстурите создава модерен, разигран ефект.

Зошто жените го обожаваат

Коженото миди-здолниште совршено ја истакнува женската фигура, го нагласува струкот, а неговата должина го прави идеално и за канцеларијата и за вечерните излегувања.

Во бутиките низ Скопје (а и пошироко) моделите во карамел, коњак и бордо нијанси се веќе меѓу најбараните парчиња, а модните експерти предвидуваат дека ќе владеат улиците до пролетта.

Џесика Алба само го потврди она што модерните жени одамна го знаат – кожената миди-здолниште никогаш не излегува од мода!

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе