Ги крие недостатоците и ѝ ласка на сечија фигура: Жените полуделе по овој модел на фустан

Тренд кој доминира

Летото се ближи, а со тоа и трендовите на кои нема да можете да им одолеете

Најдовме модел на фустан кој добро ѝ стои на секоја жена, ги крие сите недостатоци и дава заводлив и женствен изглед. Во текот на летото, фустаните во бохо стил ќе ги гледате насекаде, а жените ширум светот веќе полуделе по нив.

Уште од зимската сезона, модната сцена беше преплавена со женствени парчиња, а тој тренд продолжува, па лелеавите фустани со цветен дезен ќе бидат тренд број 1.

Овој дезен секоја година се враќа на сцената во одредена мера, но во текот на летото ќе доминира.

https://www.instagram.com/p/B_zP-_wHJ3j/?utm_source=ig_embed

Оваа пролет, во мода се различни стилови: мини, миди, но и макси должини, со подебели, со тенки прерамки, од шифон, од свила… Во основа, сѐ што трепери на сонце и на ветар и што прави да се чувствувате како божица.

Кога станува збор за модата, освен ваков фустан, ништо друго нема да ви треба. Одлично изгледа во комбинација со рамни обувки за полежерни пригоди, но еднакво добро изгледа и во комбинација со високи потпетици.

https://www.instagram.com/p/B_zDwaiAkGC/?utm_source=ig_embed

Омилена комбинација на трендсетерките е да ги спојуваат овие фустани со бајкерски чизми, што може да изгледа многу интересно.

Може лесно да помине како гардероба за на работа, а за ветровитите вечери, префрлете кожена јакна одозгора и ќе добиете шик стајлинг.

Тренд кој освојува на прв поглед: Фустанот што ќе ја обележи летната сезона изгледа вака!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.