Фустанот во којшто ќе посакате да го поминете цело лето: Во овој модел секоја жена изгледа како милион долари!

Тренд што ќе го обожавате

Удобен, модерен и стои феноменално

Секое лето ни носи некои нови, смели трендови, кога станува збор за фустаните. Минатата година тоа беа мини-фустаните со „паф“ ракави, а оваа, во гардероберот на секоја модерна жена мора да се најде краток, тесен фустан со тенки прерамки.

Овој фустан често ќе го гледаме во текот на наредната сезона, а причината е повеќе од очигледна. Може да се носи во безброј пригоди и на многу начини, а во него ќе се чувствувате, но и ќе изгледате феноменално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Williams (@lucywilliams02)

Причината зошто толку брзо ги освои срцата на жените ширум светот е што може да се носи од утро до мрак, токму поради својот едноставен дизајн, претставувајќи многу приспособливо и истовремено многу ефектно модно парче.

Популарниот модел на фустан неодоливо потсетува на фустаните какви што носеле актерките Џејн Биркин или Брижит Бардо, со рамни сандали, бујна коса и, секако, мала чантичка како неизоставен моден додаток.

А-линијата и мини-кројот го прават идеален фустан за сите типови силуети, а тенките прерамки и рамниот изрез му даваат ретро призвук од 1970-те.

Може да се носи во комбинација со високи потпетици за вечерни излегувања, но и со патики и класична маица за дневни варијанти.

Ќе ја одбележи летната сезона и одлично ѝ стои на секоја жена: Мора да го имате овој модел на фустан во гардероберот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.