Фустанот во кој Џенифер Лопез им го одзеде здивот на сите (ФОТО)
Фантастично модно издание
Џенифер Лопез со свршеникот Алекс Родригез се појави на црвениот килим на филсмкиот фестивал во Торонто по повод премиерата на филмот Hustlers, во кој ја толкува главната улога.
Совршено згодна, со нова фризура, во фустан направен од вешт микс на тул, органза и свила, со потпис на брендот Maisonyeya, Џеј Ло го одземаше здивот со длабокото деколте, додека, пак, нејзините згодни нозе дојдоа до израз благодарение на асиметричните свилени ленти од жолта свила и тул, додека на колковите имаше дипли од органза.
Со високите сребрени сандали и чантичката во облик на купче долари, актерката беше едноставно неодолива.