(ФОТО) Нема да можете да го тргнете погледот од огнената комбинација на Нина Бадриќ

Погледнете!

Камел-капут во неочекувана комбинација.

Пејачката Нина Бадриќ застана рамо до рамо со Кејт Мидлтон и кралицата Летиција, кои сакаат да носат камел-палта.

Таа одлучи повторно да нè израдува со црвена комбинација. Иако се работи за стара фотографија, воодушевени сме од аутфитот што го избрала, но и од пораката што ја напиша под фотографијата.

Црвениот фустан со длабоко деколте и шлиц ги истакнува сите атрибути на Нина, вклучувајќи ја и нејзината тенка половина.

Врз овој провокативен фустан, пејачката се наметнала со камел-капут, кој со години е моден императив, а го сакаат принцезата Кејт Мидлтон и кралицата Летиција.

Со оваа прекрасна комбинација, која зрачи со сексипилност и сензуалност, пејачката искомбинирала црвен кармин и ја пуштила косата ноншалантно во бранови да ѝ паѓа на рамениците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Нина под фотографијата остави прекрасна мотивациска порака.

Среќата е одлука. Не мрморете, опкружете се со убавина и луѓе кои се радост. Не протестирајте. Секогаш може да биде полошо. Верувајте повеќе. Сè додека постоиш, можеш да почнеш одново, напиша Нина.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.