Фантастични 30 аутфити за секој ден од месец ноември

Пред нас е ноември со пониски температури и со нови 30 денови во кои може да внесеме малку свежина, затоа, не штедете на бои и имагинација. Нека овој ноември биде стилски предизвик дури и без повод.

Дотерајте се и за обичен работен ден и така донесете ведрина од вашиот плакар.

Бирајте облека што одговара на вашиот сензибилитет и стил, а притоа внесете доза атрактивност преку сегменти од актуелните тенденции. Дајте приоритет на одржливоста, па пробајте од старо парче облека да создадете и редизајнирате ново.

 

Ако до сега не сте носеле парчиња изработени од еко-кожа, знаете дека се моден хит, па ако сте љубопитни како на вас изгледа кожено здолниште со висок струк или пак кожена кошула, задоволете ја љубопитноста…

Деталите се секогаш во прилог, па ако не сакате премногу да ризикувате, а имате потреба за мала визуелна промена, одберете моден додаток со необичен принт или во автентичен дезен.

Одберете добри чизми и чанта, а понекогаш ставете и шешир, зошто да не?

Дозволете преку вашиот стил да зборува ентузијастот во вас…

Следуваат 30 впечатливи комбинации како наш предлог за секој ден од ноември.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.