Еве зошто сите погледи беа вперени во НЕА! (ФОТО)

Сите паднаа во сенката на Пенелопе Круз

Чекорењето во креацијата на модната куќа „Шанел“ беше вистински предизвик за славната актерка

Пенелопе Круз беше гостинка на доделувањето на наградите „гоја“, кое се одржа во шпанскиот град Севилја. Беше номинирана за најдобра актерка за улогата на Лаура во трилерот Everybody Knows („Сите знаат“), во кој глуми и нејзиниот долгогодишен партнер Хавиер Бардем.

Пенелопе Круз со популарниот шпански режисер Пауло Алмодовар

Актерката блесна во сиво-сребрен фустан од материјал што потсетува на метал, кој ‘ ги откриваше рамениците. Поради сирена-кројот во долниот дел, фустанот е тесен во пределот на колената, па чекорењето во него беше вистински предизвик за убавата актерка.

Пенелопе Круз оваа тоалета, која ја потпишува модната куќа „Шанел“, ја надополни со сребрена клач-чантичка, сребрен накит и со металик-сребрен лак за нокти.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.