Еве зошто никој не го тргал погледот од Деми Мур: Ретко која жена во 50-тите години би се осмелила да го облече ова!

Полн погодок

Деми Мур никогаш не изгледала подобро

Кога се појавила на модната ревија на Стела Мекартни, Деми Мур (58) го украла шоуто, а ревијата и моделите паднале во втор план. Актерката само со еден стајлинг успеала да направи вистински метеж.

Имено, таа се појавила во смел комбинезон со црна боја и мрежести детали, а малку е да се каже дека критичарите и сите присутни биле воодушевени. Кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе ви стане јасно зошто никој не го тргнал погледот од актерката.

Овој моден избор предизвикал голем број коментари и на социјалните мрежи, па меѓу другото, можело да се прочита и:

„Изгледа совршено, многу помлади девојки не ѝ се ни до колена“, „Ретко која жена би се осмелила да го облече ова, но нејзе одлично ѝ стои“, „Како ѝ успева секоја година да изгледа сè помладо?“

Без дилема, овој стајлинг на актерката ѝ стои совршено и е полн погодок. Таа одлично знае што ѝ ласка на нејзината фигура, па така и се облекува.

А ние истражувавме малку и го најдовме одговорот на прашањето како ѝ успева да биде во топ-форма на 58 години. Ова е нејзината тајна:

„Прифаќањето на сопственото тело е клучот за среќата и позитивните чувства“, вели таа.

Кога ќе сфатите дека телото што го имате е најубаво и дека мора да се чувствувате убаво во него, тогаш сè се менува.

„Исто така, клучот за добрата форма е умереноста. Умерено јадам и умерено вежбам, бидејќи сфатив дека крајностите не водат кон успех. Се истоштував со вежбање во вежбалница и сè уште не бев задоволна од изгледот. Денес, вежбам помалку, но никогаш не сум била посреќна“, открила Деми.

Шест дена во неделата јаде нискокалорична храна, а недела е ден за опуштање. Најголемиот дел од нејзиното мени се состои од протеини, кои се важни за изградбата на мускулите и за доброто здравје, генерално. Во вежбалница оди 3 пати неделно.

Деми Мур на 58 години има тело како топ модел: Овие 2 правила се заслужни за нејзината вита линија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време