Енди Мекдауел ги пуштила седите влакна и покажала дека изгледа неверојатно: Овој дезен им стои на жените од секоја возраст!

Погледнете

Стилот не знае за години

Сè зависи од личноста, личната перцепција и изборот. Она што на жените може да им изгледа како забрането да го носат по одредена возраст, всушност е нивна сопствена одлука да го остават зад себе она што сметаат дека повеќе не ги карактеризира и не им одговара.

Ако идејата за носење интензивни дезени, особено цветен дезен, е одлука што не потекнува од вашата лична естетика, туку од некои неодредени стилски совети, време е да ја преиспитате.

Фустаните со дезен се исклучително женствен избор што не познава возрасни ограничувања. И неодамнешното појавување на 63-годишната Енди Мекдауел го докажува тоа. Познатата актерка и поранешна манекенка, позирала со ќерката Рејни во плисиран фустан со цветен дезен од пролетната колекција на брендот Coach. Нејзините сандали со мини-потпетици и кожената чанта исто така му припаѓаат на истиот бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andie Macdowell (@andiemacdowell)

Колку и да изгледа дезенот на нејзиниот фустан свежо и младолико, силуетата и деталите околу вратот му даваат софистициран карактер, што го прави идеален за сите возрасти.

Затоа, не воздржувајте се да носите дезенирани фустани по 60-та година, сè додека сметате дека дизајнот ви одговара и правете комбинации со класични и модерни модни додатоци, исто како и актерката.

Како ви се допаѓа изгледот на познатата актерка?

Ирина Шајк прошетала во најновиот моден тренд: Ако сакате да носите костим ова лето, ова е единствениот правилен начин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.