Емили Ратајковски умее да привлече внимание: Жолтите чизми предизвикаа хаос на улиците во Њујорк (ФОТО)
И се распродадоа во рекорден рок!
Каде и да се појави, британската моделка и актерка Емили Ратајковски се наоѓа во центарот на вниманието. Па така успеа, и покрај тоа што модната недела се пресели во Лондон, главниот тренд да го задржи на улиците во Њујорк. Едноставната, но ефектна комбинација што ја избра за прошетката на своето домашно галениче го обиколи светот пред се’ поради нејзините обувки.
Фармерките Levi’s со висок струк ги искомбинира со бела маичка, кафен ремен и со жолти чизми Rag & Bon.
Овој ретро-стајлинг не помина незабележано, а впечатливите чизми се распродадени во рекорден рок.
Фото: Инстаграм, Guliver/Getty Images