Џулија Робертс блескала на црвениот килим: Уште еднаш докажала зошто класиката секогаш е во мода!

Како ви се допаѓа?

Џулија Робертс уште еднаш докажала зошто е една од најдобро облечените дами во Холивуд на доделувањето награди Critics Choice Awards во Лос Анџелес

Најпознатите холивудски лица синоќа прошетале на црвениот килим по повод гламурозното доделување награди Critics Choice Awards во Лос Анџелес.

Славните дами биле одлучни во тоа да покажат необични креации, а оваа година доминирале светките и металик-сјајот.

Џулија Робертс уште еднаш докажала дека едноставноста во модата е нешто со коешто не може да се погреши. За оваа пригода, таа облекла фустан до под со долги ракави, а доза гламур му дале необичните детали. Долж деколтето и ракавите, нејзината тоалета била пронижена со златни нитни, а врз основа на досегашниот избор на познатите актерки, може да се заклучи дека златната ќе доминира оваа година.

Лили Џејмс уште еднаш докажала зошто важи за една од најдобро стилизираните дами. Не можела да помине незабележано во фустан што ги оставил сите модни познавачи без текст. Проѕирниот фустан од тил со А-крој, со ленти и со масивна панделка на средината, претставувал вистински моден ризик, кој и тоа како се исплател. Иако на прв поглед изгледа како да открива премногу, овој гол фустан совршено ја нагласува женственоста и беспрекорната става на младата актерка.

Кејт Хадсон, исто така, се одлучила за фустан опсипан со сјај. Изгледала неверојатно во проѕирен сребрен фустан, а акцентот бил ставен на отворениот грб. Фустанот ја следел линијата на телото, а сите се согласиле дека изгледала беспрекорно.

Сепак, како ѕвезда на настанот се истакнала актерката Ања Тејлор Џој, која исто така, се појавила во раскошен проѕирен фустан, со којшто собрала само позитивни коментари. Шарите кои личеле на крлушки на сирена ѝ дале посебен печат на оваа необична креација, а актерката буквално пленела на црвениот килим.

Холивудската убавица во фустан кој е ремек-дело: Ова не е мода, ова е уметност! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.