Џорџ и Амал Клуни прославиле петгодишнина од бракот: Стајлингот на адвокатката е без грешка!

Актерот се облекол како за секој ден

Парот ја прославил својата годишнина, а за оваа модна нескладност сигурно уште долго ќе се зборува

Џорџ Клуни (58) и Амал (41) ја прославиле петгодишнината од бракот со романтична вечера во елитен ресторан во Њујорк во друштво на пријателите Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ранде Гербер.

Холивудскиот актер и убавата адвокатка не ја симнувале насмевката од лицето, а папараците ги фотографирале додека излегувале од својот дом во Њујорк, држејќи се за раце.

За оваа посебна прилика, Амал облекла елегантни црни кожени панталони со висок струк и нежна бела кратка маичка од тантела.

Со оваа беспрекорна комбинација обула црни салонки и понела плик-чантичка.

Џорџ одбрал полежерна варијанта, односно облекол фармерки и темна кошула со кратки ракави. Стајлингот го заокружил со беж чевли.

На сите веднаш им паднала в очи и долгата брада на холивудскиот заводник. Иако ретко го гледаме во вакво издание, сигурно ќе се согласите дека и со ваквиот имиџ е голем шармер.

Да се потсетиме дека Џорџ и Амал се свршиле во април 2014 година, а се венчале на 27 септември истата година на раскошна приватна церемонија. Следела и граѓанска венчавка два дена подоцна во Венеција на 29 септември. Парот има две деца, двегодишните близнаци Ела и Александар.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време