Џенифер сите ги воодушеви во наједноставното издание: Светкавиот мини-фустан ѝ ги откри извајаните нозе (ФОТО)

Како го коментирате вие ова издание на актерката?

Џенифер Анистон се појави на премиерата на својот нов филм „Murder Mystery 2“ во Лос Анџелес, а актерката ги привлече сите погледи во симпатичниот и ефектен фустан.

Познатата 54-годишна актерка е една од оние жени кои ни докажуваат дека стареењето не е бауч и дека некои дами дури изгледаат подобро во постарите отколку во помладите години. За оваа премиера, Џенифер избра гламурозно и заводливо, но сепак непретенциозно издание.

Анистон на црвениот тепих прошета во краток фустан од комбинација од сребро, светкава мрежа и разни конци и циркони, а оваа креација на најдобар можен начин ја истакна нејзината фигура.

Џен со ова издание ја истакна хармонијата на своето тело, а до израз дојдоа нејзините извајани, затегнати нозе. Актерката целата модна приказна ја заокружи со едноставни сандали со ремчиња и два скапоцени прстени, оставајќи впечатливата тоалета да зборува за себе.

Погледнете:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.