Џенифер Лопез прошета со длабоко деколте, никој не можеше да го тргне погледот!
Елегантна, а секси
Џенифер Лопез (50) се појави во една парфимерија во Њујорк по повод лансирањето на својот нов парфем, а нејзиниот гламурозен стајлинг привлече големо внимание. Латино-дивата за оваа пригода избра елегантна бела комбинација.
Имено, Џеј Ло на себе облекла бело тесно здолниште со висок шлиц и сако со длабоко деколте, додека околу половината ставила ремен исто така во бела боја.
Металниот украс кој го краси ременот се најде и на нејзините високи потпетици и торбата.