Џенифер Лопез диктира трендови: Овие фармерки ќе бидат апсолутен хит зимската и пролетната сезона!

Зимски тренд

Што и да облече таа, за миг станува вистински моден хит

Ако се прашувате што е во тренд, погледнете ги стајлинзите на Џенифер Лопез и се’ ќе ви биде јасно. Латино-пејачката секогаш е облечена според последните трендови и добро знае што му ласка најдобро на женското тело.

Во текот на зимата најзастапено парче секако се фармерките, а токму моделот што го прошетала Џенифер ќе биде апсолутен хит во текот на зимата, како и во текот на пролетните денови.

Овој поширок модел најдобро е да се комбинира со потесни маици или блузи за да се постигне складност. Модните експерти сепак советуваат жените со пониска градба да го избегнуваат овој модел, бидејќи ќе ја направи нивната фигура поширока. Секогаш треба да се носат со високи потпетици, советуваат тие.

Џенифер одбрала класична црна блуза и интересен кардиган и покажала како и лежерниот стајлинг може да изгледа моќно.

Дали сте љубител на вакви модели?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.