Џастин Тимберлејк: „Обожавам женски обувки!“

Популарниот музичар искрено за подготовките за црвениот килим

Џастин Тимберлејк во интервју за магазинот „Пипл“ откри дека тој е главниот виновник за потпетиците и патиките што ги носи неговата сопруга Џесика Бил.

Често купувам облека за неа, всушност, купувам многу. Обожавам женски чевли”, истакна Тимберлејк, и додаде дека успеал да ја убеди популарната актерка да го смени својот стил, па така во една пригода ја советувал да купи патики ер џордан.

Тој вели дека е свесен дека на црвениот килим сите погледи се вперени во неговата сопруга, па не сака да направи моден пропуст, а се обидува и самиот да изгледа убаво.

Внимавам сопругата и јас да бидеме модно усогласени. Слично како и кај танцовите твојки”, објасни Тимберлејк.

Инаку, популарниот хитмејкер појасни дека својот стил го сфаќа серизоно само кога е на сцената, а во слободно време се облекува кежуал и удобно.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време