Детаљ што ќе ја разубави секоја фризура: Еве како можете да го носите овој романтичен моден додаток!
Апсолутен летен хит
Овој моден детаљ за коса е многу шик, а воедно е и практичен, па сигурни сме дека ќе стане вашиот омилен моден додаток
Лентите и марамите во коса ова лето се омилениот моден додаток за сите трендсетерки. Тоа не е воопшто чудно, затоа што се многу слатки и практични. Овој шик украс можете да го носите со различни фризури, модни комбинации и во различни прилики.
Марамите ќе ја направат секоја фризура поинтересна, без разлика дали се работи за пуштена коса, коњско опавче или пунџа.
Одлични се за морски модни комбинации и за на плажа, а многу убаво ќе се вклопат и во лежерните комбинации за прошетка низ градот.
Ви претставуваме неколку генијални начини на кои можете да ги носите и да изгледате феноменално.
Големата марама како турбан е прва помош кога никако не можете да ја скротите косата или не сте стигнале да ја измиете.
https://www.instagram.com/p/BzBQ9VtBIow/?utm_source=ig_embed
Освен тоа, можете да ја употребите наместо венче, па нема да ви смета пуштената коса.
https://www.instagram.com/p/B0MCODZBI_R/?utm_source=ig_embed
Едноставни или такви со некаков додаток, како што е предимензионираната панделка, се’ е дозволено ова лето.
https://www.instagram.com/p/BzOVkHCBmzW/?utm_source=ig_embed
Многу познати дами, како што е Синди Крафорд веќе го прошетале овој моден додаток за коса. Ако имате долга коса, марамата нека ви послужи за врзување ниско или високо опавче.
https://www.instagram.com/p/B0Os_auFd03/?utm_source=ig_embed
Можете да ја носите и во апсолутен бохо стил, со пуштена коса, врзете ја околу челото и веднаш ќе добиете апсолутно шик изглед.
https://www.instagram.com/p/Bz2cSGvolmg/?utm_source=ig_embed
Лежерен, а шик стил, со подигната или пуштена коса, марамите се совршениот летен моден додаток, а одлично стојат и на многу кратка фризура.
ФОТО: Getty Images, Instagram