Деловен стајлинг за секој работен ден: 5 комбинации во кои ќе доминирате на работното место

Еве како да се облечете на работа

Подгответе се да заблескате на работното место

Експертите советуваат во недела вечер да подготвите 5 модни комбинации за секој работен ден. Вака ќе заштедите време наутро, па ќе можете малку подолго да спиете, а и стајлинзите сигурно подобро ќе ви изгледаат, бидејќи ќе ги испланирате на раат.

За во канцеларија мора да испочитувате неколку правила. Секој стајлинг мора да биде елегантен, но и модерен. Секогаш добра опција е да се држите до неутрални тонови и класични кроеви. Тоа ќе ви овозможи да изгледате моќно во секој момент.

Ако сакате да бидете модна кралица во вашата фирма, облечете се вака – ова се нашите 5 предлози…

Фустан за понеделник

Работната недела започнете ја со фустан – парче што оваа сезона мора да се најде во вашиот плакар. Плетениот фустан во комбинација со чизми на потпетица е полн погодок.

Моќно сако

Сакото со нагласени раменици е апсолутен хит и оваа зима. Во комбинација со долги панталони и кошула создава изглед за чиста десетка.

Комплетите се на врвот на модната листа

Комплетите се најактуелни моментално. Секоја дама изгледа одлично во нив, а многу се практични.

Кафена боја + сатен

И моделот и кројот и материјалот и бојата – сè што содржи овој стајлинг е совршено и во тренд.

Комплет во сива боја

Крајот на работната недела нека биде удобен. Оваа комбинација го гарантира токму тоа, а истовремено изгледа шик.

ФОТО: Пинтерест

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе