И додека некои дами се воодушевени од овој модел, дури не би ги обуле ни за жива глава
Модните експерти велат дека овие обувки ќе бидат попопуларни и од чизмите оваа зима!
Мислењата се поделени: некои дами полудеа по нив, додека други никогаш не би ги обуле.
Оваа година, мокасините се носат со сè – тоа се оние класични, ненаметливи модели од кожа или антилоп, кои лесно се вклопуваат во секоја модна комбинација. Трендсетерките ги комбинираат со фустани, фармерки и здолништа. Најчесто ќе ги видите со чорапи со тантела кои дискретно ѕиркаат и му даваат романтичен шмек на секој стајлинг.
Првично посакувани поради практичноста, мокасините денес се парче што може да се најде во гардероберот на секоја урбана и модерна жена.
Еве како можете да ги стилизирате…