Дали Ванеса Хаџинс ги зголемила градите или не – прашањето за кое се полемизира во медиумите

Што мислите вие?

Во последно време кружат гласини дека младата актерка направила пластична операција, но таа сè уште не се изјаснила на оваа тема.

Актерката Ванеса Хаџенс на модното-шоу на Ријана Savage x Fenty се појави во трендовски темнозелен сатенски комплет, кој потсетува на пижами, под кој го скри сиот свој раскош… Всушност, и не го сокри, туку одлучи да го покаже!

Имено, Ванеса се одлучи за црн градник со тантела, а изгледот го надополни со интересен и модерен накит.

Инаку, 32-годишната Хаџенс наводно е во врска со фудбалерот Кол Такер од минатата година. Тоа ѝ е воедно и прва романса по раскинувањето со Остин Батлер, со кого беше 9 години во врска.

Како причина за прекин на врската се споменуваше фактот дека таа сè уште не сака деца, за што и самата јавно зборувала:

Сакам да се венчам, да патувам, а потоа да имам деца. Веројатно во доцните 30-ти. Сечиј часовник е поинаков“.

Пред Остин, Ванеса беше во врска со Зек Ефрон од 2005 до 2010 година.

Во последно време кружат гласини дека младата актерка направила пластична операција, но таа сè уште не се изјаснила на оваа тема.

Vanessa Hudgens
Фото: Tyler Boye/WWD

Фото: Prinscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.