Дали овој фустан на Оливија Палермо е најубавото црно летно парче?

Едноставна летна елеганција која е неверојатно моќна

Иако белата боја се смета за летна боја и многу почесто ја гледаме во текот на жешките денови, и црната е присутна, особено во вечерните варијанти.

Сепак, целосно црна варијанта налето навистина не е толку честа, а тоа многу добро го знае и светската трендсетерка Оливија Палермо, која успеа да ја износи на начин кој ја вивна на модниот трон.

Најголемата тајна на овој суперефективен стил се крие во формата на макси-фустанот – А-крој со акцент на поширокиот долен дел на моделот.

Севкупниот изглед Оливија го заокружи со ефектни додатоци, плетена чанта со црни кожени рачки и рамни црни влечки со златни детали.

Едноставна летна елеганција која е неверојатно моќна.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.