Топли, удобни и многу модерни
Бајкерските чизми се популарни веќе неколку години наназад, вклучувајќи и ја и актуелната есенска, но и претстојната зимска сезона. Но оваа година еден модел особено се издвои како задолжителен. Тоа се белите бајкерски чизми.
Станува збор за тренд кој во рекордно време ги освои љубителките на модата, а стајлингот што се издвојува оваа есен е целосно црната модна комбинација со бели бајкерки со црн ѓон.
View this post on Instagram
Дамите со стил ги носат и во безброј други комбинации: со здолништа, со фустани, фармерки, дури и костими.
View this post on Instagram
Станува збор за модел на обувки кој е совршен за студените денови и за разни модни стилови, па лесно може да се усогласи со речиси секое модно парче.
View this post on Instagram
Одберете едени по ваша мерка – едноставни или украсени со детали, со платформа или рамни, и ќе бидете во тренд во секоја пригода!
View this post on Instagram