Жените веќе полуделе по нив
По летното владеење на ранците, платнените чанти, чанти за плажи и останатите полежерни варијанти на омилениот женски моден додаток, со доаѓањето на есента полека им се враќаме на класичните чанти.
Модните куќи во своите колекции за есен/зима 2019 година лансирале разни модели и така покренале цел бран од нови трендови, а бројни комерцијални брендови инспирирани од тоа, прикажале слични модели.
Ова се чантите што најмногу ќе ги носиме оваа есен…
1. Меки чанти
https://www.instagram.com/p/BtFPCDhDp96/?utm_source=ig_embed
Моделите со мек финиш ќе бидат апсолутен хит за есен 2019. Не се практични за носење во текот на врнежливите денови, но затоа, без размислување може да ги украсат вашите комбинации кога времето е суво.
2. Минијатурни модели
https://www.instagram.com/p/By5pegGnulj/?utm_source=ig_embed
Микро-моделите и понатаму се наоѓаат во колекциите на модните куќи и понудите на бројните продавници.
3. Големи рачни чанти
https://www.instagram.com/p/BssAKAVlyeO/?utm_source=ig_embed
Макси рачните модели што собираат буквално се’ што ви треба во текот на денот никогаш нема да излезат од мода.
4. Геометриски облици и дезени
https://www.instagram.com/p/Bv17EXbnLUg/?utm_source=ig_embed
Интересни модели што имаат моќ дури и наједноставната комбинација да ја подигнат на повисоко ниво.
5. Крокодилски финиш
https://www.instagram.com/p/BwQ793OFsGP/?utm_source=ig_embed
Моделите со крокодилски финиш визуелно даваат луксузен впечаток. Како создадени се за носење со елегантни мантили и капути и најверојатно тоа е причината зошто спаѓаат во парчињата што никогаш не излегуваат од мода.