Беспрекорно стилизираната жена во 50-те години се облекува вака: Најдобрите модни комбинации во режија на Синди Крафорд!

Модна инспирација

На нејзиниот стил му се воодушевуваат жените ширум светот

Синди Крафорд стекнала голема слава како супермодел. Откако се појавила пред камерите на познати фотографи, нејзината кариера тргнала во нагорна линија. Од 1984 година, кога официјално почнала да се занимава со моделство, до денес, изградила кариера за каква што нејзините колешки можат само да сонуваат, а нејзиното име стана синоним за мода.

Денес, на 54 години, изгледа феноменално, а и понатаму е модна инспирација за жените ширум светот. Ние најдовме некои од нејзините највпечатливи комбинации.

Ви откриваме и неколку факти за неа што сигурно не сте ги знаеле. Еве која е Синди Крафорд…

    • Родена е на 20 февруари, 1996 година во Декалб, Илионис како Синтија Ен Крафорд.
    • Пораснала во типично американско работничко семејство. Татко ѝ бил механичар, електричар и стаклар, а мајка ѝ домаќинка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

  • Кога Синди имала осум години,  на нејзиниот, тогаш двегодишен, брат Џеф, му била дијагностицирана леукемија. По напорни и болни терапии, брат ѝ починал една година подоцна.
  • Нејзина прва голема љубов бил Ричард Гир. Синди и Ричард се запознале во неговиот дом и набрзо започнале врска која траела шест години.
  • Денес е во брак со Ранди Гербер, со кого има ќерка и син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Синди Крафорд: Ја терале да ја отстрани, но токму бенката е нејзин заштитен знак
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.