Беспрекорна елеганција: Тешко ќе го тргнете погледот од овој фустан на Џесика Алба (ФОТО)

Џесика Алба спаѓа меѓу среќниците што зрачат со сексапил во се’ што ќе облечат. Во секојдневните ситуации е лежерна и опуштена, на црвениот килим е гламурозна, а во секоја пригода му останува доследна на својот умерен стил. Така беше и на доделувањето на InStyle Awards во Лос Анџелес.

За оваа пригода актерката избра фустан на модната куќа „Диор“ кој ги открива рамениците и се шири под половината. Со неа искомбинира црни салонки и бело чантиче украсено со детали, а ова нејзино модно издание е оценето со чиста петка.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.