Беспрекорен стајлинг на кралицата Летиција: Прошетала во црвен фустан кој го нагласил нејзиниот потемнет тен!

Совршено!

И додека одмора, шпанската кралица ништо не ѝ препушта на случајноста кога станува збор за стилот

Шпанската кралица Летиција (47) ја користи летната пауза за одмор со сопругот, кралот Филип и децата, принцезата Софија и Леонор, на најголемиот шпански остров Мајорка.

Папараците го фотографирале среќното семејство на градските улици по посетата на музејот на Св. Јунипер Сер, во неговиот роден град Петра.

https://www.instagram.com/p/CDuITL-nSD2/

Шпанската кралица и за време на одморот одбира беспрекорни модни комбинации, па овој пат прошетала во црвен фустан со дискретно деколте.

https://www.instagram.com/p/CDyOoLIpjGZ/

Миди-фустанот е дело на шпанскиот дизајнер Адолф Домингез. Кралицата овој пат го украсила стајлингот со омилените летни кожени сандали со боја на коњак и со полна пета.

https://www.instagram.com/p/CDv9UfZHfaL/

Кожените сандали носат потпис на шпанскиот бренд Uterque. Од модни додатоци, изборот паднал на дискретен златен прстен на дизајнерката Карен Халам.

Секако, стајлингот го заокружила со заштитна маска.

https://www.instagram.com/p/CDwLWhWnqau/

Разиграното издание на кралицата Летиција ќе ве маѓепса: Уште еден доказ дека таа е модна икона!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.