Бела Хадид уште еднаш покажала дека едноставноста е највредната модна формула!

Погледнете!

Бела Хадид блеснала

Една од најбараните манекенки на светот Бела Хадид вчера била забележана на улиците на Њујорк, кога се упатила на снимање за модната куќа „Мајкл Корс“.

Познатата убавица била феноменално расположена, а нејзината среќа не можел да ја расипе ни дождот кој истурал, па Бела заблескала во совршена модна комбинација што секоја жена може да ја ископира.

Станува збор за ролка-фустан со линии, кои никогаш не излегуваат од мода, а комбинацијата на тегет и светлосина се покажала како апсолутно совршена.

Со едноставниот, но ефективен фустан, Бела понела само сина чантичка и бели патики со златни детали. Освен чадор, ништо повеќе не ѝ било потребно.

Покрај совршената фигура, Бела со оваа нејзина појава уште еднаш покажала дека сосема едноставните модни парчиња можат да направат да изгледате како кралица на стилот!

Модните критичари оваа комбинација на Бела Хадид ја оценија како „бизарна“ (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.