Бела Хадид покажа како елегантно да ја стилизираме облеката од тексас (ФОТО)

Совршен стајлинг за пролетно патување

Познатата манекенка Бела Хадид покажа како се позира на зајдисонце, во комбинација од тексас-парчињата кои се апсолутен моден хит оваа сезона.

Што мислите за подзаборавените капри-панталони од тексас? Не е лесно да се вклопат со преостанатите парчиња облека: прво, затоа што визуелно ги скратуваат нозете, а второ, понекогаш се сметаат прекратки за канцеларијата, а предолги за плажата.

Но не и во случајот на Бела Хадид. Убавицата носи капри-панталони од тексас со тексас-јакна, контрасни папучи „Диор“ и свилена марама што кокетно ја врзала на главата.

Со прекрасното зајдисонце и кабриолетот, стајлингот изгледа комплетно.

Фото: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.