Апсолутен хит ова лето: Овој модел на фустан и’ ласка на сечија фигура!

Во тренд!

ФОТО: Pixabay

Ваквите фустани се разиграни, лесни за носење и стојат на која било градба на тело

Еден од водечките трендови кога се фустаните во прашање е кошулата-фустан. Во ова модно парче, секоја фигура изгледа женствено.

Разиграна е и лесна за носење, а токму тоа е она што го сакате кога ќе настапат топлите денови.

Овој фустан ќе ги нагласи најубавите делови од вашето тело и сите жени се чувствуваат моќно во него, бидејќи е многу ефектен.

Дефинитивно мора да имате барем еден ваков фустан во вашиот плакар.

Одличен е бидејќи може да го носите во секоја прилика, во зависност од тоа со какви обвуки и модни додатоци ќе го искомбинирате.

За лежерните денови, кога одите само на кафе со пријателките, облечете го овој фустан со некои добри патики, и спремни сте! Удобно е, едноставно, а ќе изгледате потполно шик.

Ако истиот фустан го искомбинирате со потпетици, подготвени сте за вечерно излегување!

ФОТО: Pixabay, Instagram

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време