Анџелина Џоли во фустан што „додава“ облини (ФОТО)

Моден погодок на славната актерка

Анџелина Џоли последниве години е главна тема во медиумите, меѓу другото и поради својата килажа. Многумина сметаат дека со губењето на килограмите значително ја загубила и својата женственост, а изгледа дека критиките не ја допираат бидејќи облеката што ја избира главно ја камуфлира нејзината става наместо да ја истакнува.

Актерката најчесто избира широка облека со црна боја, но на премиерата на новиот филм „Злобната самовила 2“ во Јапонија, сепак направи исклучок.

Актерката блесна во сребрен фустан на модната куќа Ralph & Russo со реси и бисери, кој е скроен така што на женската става да и’ ги истакне облините. Го надополни со сребрени салонки и ефектни обетки.

На промоцијата, Анџелина пристигна со ќерката Захара и со синот Медокс.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.