Анџелина Џоли во едноставен макси-фустан што секоја дама ќе го посака: Визуелно го стеснува струкот!

Едноставно издание

Холивудската актерка привлекла внимание на улиците на Лос Анџелес

Иако сме навикнати Анџелина Џоли (44) да ја гледаме во елегантни креации на гламуразни настани, кога светлата на рефлекторите ќе згаснат, претпочита едноставни и удобни модни комбинации.

Најчесто носи парчиња во црна боја, а доказ за тоа е и нејзиното најново издание на улиците низ Лос Анџелес.

Имено, папараците ја фотографирале холивудската актерка додека со децата купувала цвеќе.

За таа пригода Анџелина одбрала црн макси-фустан со здолниште со А-крај кој визуелно го стеснува струкот. Моделот е со кратки ракави, а украсен е со тантела.

Модната комбинација ја заокружила со балетанки во боја на кожа.

ФОТО: Инстаграм

Погледнете го и овој фустан на Анџелина Џоли што додава облини.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време