УРБАН ИЗГЛЕД НА АНАСТАСИЈА ДИМЕСКА: „Лежерниот стил секогаш е мојот прв избор“
Ве инспирираме
Нејзината убавина е муза за дизајнерите!
Светско а наше! Анастасија Димеска е манекенка во подем, која несомнено го освојува домашниот, но и странскиот пазар. Нејзината убавина е муза за дизајнерите и инспирација што се најде на насловната страница на едно познато лондонско списание
View this post on Instagram
Фустаните се враќаат во мода
Кога станува збор за елегантниот стил, секогаш се стремам фокусот да биде на фустанот. Високи потпетици и впечатлив фустан со минималистички накит и други модни додатоци се мојот избор. Шминката секогаш сакам да ми биде природна, за фокусот да биде на комбинацијата.
View this post on Instagram
Лежерното е новото деловно
Деловниот стил секогаш сакам да биде и по малку лежерен. Ми се допаѓа оној изглед „се средив, но пак има вибрации на опуштено” и секогаш ми се тука доброто сако и добрите фармерки. Додатоците како накит, очила и марами се полн погодок за да се долови сериозниот изглед.
View this post on Instagram
Минимализам во преден план
Иако минимализмот е мојата посилна стрaна, понекогаш сакам да експериментирам со различни дезени, материјали и бои. Исто така времето и расположението влијаат врз мојата комбинација. Лежерниот стил секогаш е мојот прв избор.
View this post on Instagram
Викенд-вибрации
Спортските комбинации ми се едни од омилените. Едноставно, удобно, трендовски. Tоа е она што ми доаѓа на ум секогаш кога ќе се спомне тој стил. Сакам во комбинацијата да имам добар комплет тренерки или хеланки со маичка и да ги комплетирам со патики. Во таква комбинација обично можете да ме сретнете за викенд.
View this post on Instagram
Задолжително – предимензионирана облека
Трендот што сакам да го носам се предимензионирани парчиња облека. Во каква било комбинација сакам барем едно парче да биде предимензионирано. Се чувствувам своја кога комбинацијата ми е удобна, но истовремено и кул. Тренд што не ми се допаѓа се фармерки со низок струк, не ми се допаѓа како изгледа и не се пронаоѓам во такво парче облека.
Подготвила: Николина Славковска
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА
Коментарите се заклучени.