Америка доби нова прва дама: Модно дефиле на инаугурацијата на новиот претседател!

Новата прва дама

Новоодбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, вчера официјално стапи на должност како 46-ти претседател на државата

На неговата инаугурација која се одржала во еден вид опседната состојба, по нередот во Капитол хил и како последица на пандемијата на коронавирусот, присуствувале неговата сопруга и семејство, новата потпретседатела на САД Камала Харис, која исто така положила свечена заклетва, поранешниот претседател Барак Обама со сопругата Мишел, поранешниот претседател Бил Клинтон со сопругата Хилари и бројни други познати личности.

Церемонијата ја увеличиле со своите настапи пејачките Лејди Гага, која ја отпеала националната химна и била испратена со громогласен аплауз и Џенифер Лопез, која настапила по инаугурацијата со песната „Оваа земја е твоја земја“.

И покрај помалку свечените услови, познатите дами сепак се појавиле во многу пригодни и впечатливи стајлинзи, а не можевме да не забележиме дека повеќето се одлучиле за еднобојни стајлинзи во интензивен колорит.

Џил Бајден се одлучила за азурно сина боја, Камала Харис за виолетова (слична боја одбрала и Хилари Клинтон), додека Мишел Обама одбрала придушена бордо нијанса за својот стајлинг.

 

Особено емотивна била Џеј Ло, која настапила во бело до глава до пети и која речиси заплакала по отпеаната нумера и била фотографирана во страстен бакнеж со партнерот Алекс Родригез.

Што мислите, која дама била најдобро облечена?

Меланија Трамп во „црнина“ ја напушти Белата куќа (ВИДЕО+ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.