Амал Клуни во феноменален мини-фустан: Сите ги воодушевила!

Креација на Оскар де ла Ренте

Брачниот пар Клуни синоќа ги украл сите погледи на премиерата на мини-серијата „Catch-22“ во Лос Анџелес

Адвокатката за човечки права му била придружничка на својот сопруг кој игра една од главните улоги во мини-серијата, па за таа пригода убаво се дотерала и ги истакнала своите најдобри адути.

Згодната Амал привлекувала внимание со своите долги и вити нозе, кои ги открила во гламурозниот фустан од најновата колекција на модната куќа Оскар де ла Ренте.

Асиметричниот смарагднозелен фустан со едно откриено рамо ја нагласил и нејзината тесна половина што дополнително придонело за целосниот впечаток, а го искомбинирала со исклучително ласкави полупроѕирни салонки на дизајнерот Џанвито Роси.

Изгледот го надополнила со едноставна црна плик-чанта и со раскошни висечки обетки со виолетови кристалчиња, кои направиле одличен контраст со бојата на фустанот. Косата ја пуштила и ја исфенирала, па ја префрлила на едната страна, а од шминка носела црвен кармин и суптилна светкава сенка во бакарна нијанса.

Џорџ играл на сигурно и носел класично црно одело и бела кошула на која раскопчал неколку копчиња и така му дал малку поопуштена нота на стајлингот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.