Амал Клуни секогаш во нејзин стил: Познатата правничка во црвен комбинезон била најсликаната гостинка на Меган Маркл

Како да слегла од модна писта!

Амал изгледа сензационално секаде каде што ќе се појави

Откако изненадила многумина со своето доаѓање во Њујорк и тоа во поодмината бременост, за да испадне дека поводот за тоа била забавата за дарување на бебето, Меган се обидела да го задржи познатиот „babyshower“ во кругот на најблиските пријателки.

Помеѓу 15-те гостинки што ги повикала Меган се нашле и Абигејл Спенсер (актерката која заедно со Меган играла во „Suits“), дизајнерката Миша Нуну, нејзината најдобра пријателка Џесика Малрони, Пријанка Чопра Џоунс, потоа Серена Вилијамс, но и Амал Клуни.

https://www.instagram.com/p/BuIuc1rnq80/?utm_source=ig_embed

Сопругата на холивудскиот актер на овој посебен настан дошла облечена во сатенски комбинезон на Сергио Хадсон без ракави во огненоцрвена боја со портокалов подтон, врз кој префрлила црн капут на Шанел, додека на нозете ги носела омилените салонки на Џанвито Роси со металнозлатна потпетица и шпиц, додека остатокот бил од проѕирен ПВЦ.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.