Амал излегла на состанок со сопругот: Сите мажи се вртеле по неа!

Совршена!

ФОТО: Profimedia

Нејзините долги нозе уште повеќе дошле до израз

Џорџ Клуни ја однел својата сопруга Амал на вечера, за време на нивниот престој во Рим. Парот имал повод за славење, со оглед на тоа што годишните приходи им пораснале за 10 милиони долари, откако Џорџ бил прогласен за најплатен актер.

Популарниот пат имаат заедничко богатство во вредност од околу 270 милиони долари.

ФОТО: Profimedia

На нивниот состанок Амал изгледала неверојатно во карирано издание кое се состоело од панталони и кратка маица со едно голо рамо.

Оваа креација дополнително ги нагласила витите нозе и раце на популарната адвокатка. Амал својата густа коса ја навиткала во благи бранови и ја пуштила слободно да паѓа, а на лицето нанела сосема малку шминка.

Она што Амал не можела да го скрие е големата среќа што јасно се гледала на нејзиното лице.

ФОТО: Profimedia
loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време