Адел ја диктира модата: Овој фустан ќе биде летен тренд број 1!

Модна икона

Крој на фустан што ќе ве воодушеви

Кога Адел ќе објави нешто на својот профил, целиот Интернет се крева на нозе. Пејачката по 6 месеца медиумски молк, конечно ги почести следбениците на Инстаграм со фотографија која собра голем број лајкови.

Таа се пофалила со линијата што ја довела до совршенство и со фустан што одлично ѝ стои. На нејзините обожаватело несомнено им се допаднало тоа што го виделе, судејќи според бројот на коментари што ги добила оваа објава.

https://www.instagram.com/p/B_7xEPyjLuU/?utm_source=ig_embed

Фустанот во кој позирала ќе биде голем летен хит, па покрај лелеавите модел, ќе гледаме и модели сличен на овој што го носи Адел.

„Паф“ ракавите станаа актуелни во текот на зимата, а ништо помалку модерни нема да бидат ни во текот на летната сезона.

Благодарение на предимензионираните ракави, фустанот е одличен за одвлекување внимание од критичните делови на телото каде што имаме неколку килограми вишок.

Модните експерти имале само една замерка која се однесува на бојата. Нивниот совет е за летната сезона да се одбираат малку повесели бои. Овој модел е совршен избор за излегување во град или на некоја свечена забава.

Дали ви се допаѓа овој крој на фустан? Пишете ни во коментари!

По повод роденденот, Адел ги „почести“ обожавателите (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.