Од микро-шорцеви до елегантни фустани, пролетните комбинации на познатите личности се вистинска инспирација за беспрекорен изглед
Во овој период од годината на истата улица можете да сретнете и дама во пердувеста јакна и бестрашна трендсетерка во сандали на боса нога. Штом сонцето почне почесто да се појавува, џемперите и блузоните им го отстапуваат местото на лесните маици и фустани.
Токму тој распон на стилови, од микро-шорцеви до јакни, моментално може да се види на улиците во Лос Анџелес, Беверли Хилс и Њујорк. Сезоната на награди во Холивуд и модните недели завршија, ѕвездите се вратија дома и секоја на свој начин ја поздравува пролетта.
Лето во март
Судејќи по изданијата на Рита Ора и Хејли Бибер, би помислиле дека надвор е лето. И двете прошетале во екстремно кратки шорцеви. Пејачката го искомбинирала џинс шорцот со низок струк со кратка маичка, светкав долг кардиган и влечки со цветни детали.
Rita Ora shows off her chic pixie-cut and enviably toned legs in tiny denim hotpants as she steps out for dinner with her pals in Los Angeles https://t.co/fdpULhV9Ps
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) March 18, 2026
Од друга страна, сопругата на Џастин Бибер се одлучила за проверена црна варијанта. Главната трендсетерка споила свилена пижама-блуза, која оваа сезона е огромен хит, со плетен шорц и влечки апостолки на тенка потпетица.
View this post on Instagram
Црна елеганција
Уште една амбасадорка на црниот фазон од глава до пети – Ирина Шајк. Манекенката го прошетала својот миленик во комотна волнена ролка, црни панталони и каубојки со ниски потпетици. Со задолжителните очила за сонце, носела и чанта „Биркин“ од крокодилска кожа. Чантите од лакирана кожа сè уште се во тренд, ако барате практичен стил кој не е премногу нападен.
View this post on Instagram
Враќање на женственоста
Одамна не сме ја виделе Џенифер Лопез во комплетно црно издание. Папараците ја уловиле додека излегувала од козметички салон и изгледала беспрекорно: тесно пенсил-здолниште со миди-должина, сатенска маица со тенки прерамки, мрежести салонки и култната чанта Lady Dior – ништо претерано, а многу ефектно.
View this post on Instagram
Бела Хадид последниве недели е вистина муза на стилот. Во еден момент го носи својот омилен бохо-фазон, а во следниот изгледа како олицетворение на „Сен Лоран“ девојка. Секое парче што ќе го облече, вклучувајќи ги капри-панталоните и долната облека од тантела што ѕирка под блузата, е апсолутен хит моментално.
View this post on Instagram
Ања Тејлор Џој исто така воодушевува со вештото комбинирање на најпосакуваните парчиња сезонава. Таа прошетала во сатенска маичка што се врзува околу вратот и здолниште со необичен леопардски дезен и светкави реси. Модните зависници ширум светот моментално трагаат токму по вакви модели.
View this post on Instagram
Лекцјата што ја добиваме оваа сезона од улиците во Лос Анџелес и Њујорк е јасна: границите меѓу годишните времиња не постојат веќе. Можете да носите свилена пижама сред бел ден или летен шорц со чизми и нема да погрешите.
ФОТО: ИНСТАГРАМ