6 модни трикови на Италијанките

Италијанките се сметаат за едни од најдотераните жени на светот. Тие речиси секогаш изгледаат беспрекорно, а како да не се трудат премногу.

Сепак, нивната нон-шалантност не е таква како на Французинките, бидејќи Италијанките сакаат и да бидат впечатливи.

А нивната атрактивност се базира на неколку едноставни трикови. Секако, ова е генерален заклучок, на крајот секоја жена си го негува индивидуалниот стил.

Модните додатоци како „must have“

Ретко можете да сретнете Италијанка која нема накит или носи само прстен да речеме. Генерално, не стравуваат да комбинираат различни парчиња накит,  ниту пак дека можеби ќе претераат. Впечатливи обетки, или пак повеќе прстени на рацете, алки… се дел од нивната колекција.

Италијанка која држи до својот изглед, секогаш во својата чанта има очила за сонце. Меѓу омилените модели се оние со големи рамки, а впечатливи рачки, иако и оние со наједноставна естетика котираат високо на листата на популарни модни додатоци. Без разлика како изгледате или се чувствувате, очилата за сонце ќе направат да изгледате подобро и повпечатливо.

Италијанките сакаат да си ги нагласат облините, а тоа не го постигнуваат само со тесните кроеви, туку и со ремени. Тие често се дел од модните додатоци со кои го подобруваат својот изглед, без оглед дали се пошироки или потесни, но супер е ако имаат впечатлива тока, а најважно е да создадат визуелно подобра фигура.

Чизми и тоа без хулахопки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giada Albani (@elenagiadaa)

Ако разгледате фотографии од улична мода од некој италијански град, ќе забележите дека чизмите се прилично омилени, но ретко ќе видите жена која носи хулахопки со нив. Знаејќи дека не постои тој модел на чорапи кој може да го замени сексапилот на кожата, па често ги носат чизмите и кога времето е потопло.

Облека во неутрални нијанси

Бела, беж нијанси и црната се неизоставен дел од плакарот на речиси секоја Италијанка. Можеби ова ви звучи чудно, посебно ако се сетите на креациите на Долче и Габана, или пак Версаче. Но, тие инвестираат во basic парчиња кои лесно можат да ги искористат за различни стајлинзи и пригоди – црни панталони, бела кошула, памучни маици, кошули со поширок крој, памучни фустани – сето тоа е инвестиција за секоја сезона и безброј комбинации.

Впечатливи чевли

Квалитет пред квантитет е исто така една од модните заповеди на Италијанките. Покрај облека од квалитетни материјали, тие сакаат да имаат и супер впечатливи чевли. Рамни или на висока потпетица, важно е да се истакнат – па затоа често носат модели во боја или со украси.

 Природна шминка

Речиси и да не можете да сретнете нападно нашминката Италијанка. Тие ѝ даваат предност на природната убавина, а кога користат шминка, таа е повторно во неутрални нијанси. Природната шминка ја комбинираат со самодовербата и на тој начин изгледаат одлично во речиси се’ што ќе облечат

Не излегуваат без очила за сонце

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgia Tordini (@giorgiatordini)


Очилата за сонце се важен додаток за Италијанките. Тие секогаш ги носат со себе каде и да одат и имаат разни модели, од екстравагантни до пообични. Исто така, дамите од оваа земја знаат дека добрите очила не мора секогаш да бидат скапи.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.