6 едноставни детали што ќе направат секоја комбинација да изгледа поскапо одошто е

Модни совети

Ви откриваме кои модни додатоци доминираат есенва

Доаѓањето на новата сезона секогаш значи едно нешто: време е да откриете во кои трендови вреди да се инвестира. Есента одамна пристигна, зимата се ближи и со себе носи свеж бран на трендовски додатоци кои веќе се насекаде и го заземаат првото место на листата на желби на сите оние што се разбираат од мода.

Станува збор за модни детали кои можат да го подигнат секој стајлинг на повисоко ниво и кои со причина важат за најбарани и најпожелни оваа сезона. На пример, мокасините со врвки или таканаречените наутички обувки веќе неколку сезони важат за клучен модел на обувки, а и оваа есен остануваат меѓу апсолутните фаворити.

Освен тоа, чантите во чоколадна нијанса на кафена боја (од мазна или превртена кожа) се позиционираат како најбарани, рамо до рамо со чантите со животински принт. Од друга страна, марамите им стануваат омилен додаток на модните инсајдерки, бидејќи се брз и едноставен начин да му дадат доза на лежерност на секој стајлинг. Секако, има простор и за неизоставните бордо чизми и овални очила за сонце кои се враќаат на модната сцена.

Во продолжение ви даваме неколку предлози како да ги комбинирате шесте модни додатоци кои доминираат оваа есен 2025 и кои прават секој стајлинг да изгледа поскапо одошто е…

Чанта во боја на чоколадо

Наутички обувки (мокасини)

Марами

Бордо чизми и чизми до глужд

Овални очила за сонце

Чанти со животински дезен

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе