5 стилски техники што визуелно ги кријат вишокот килограми: Не мора да носите темни бои!

И не морате да држите диета!

Облеката може да додаде неколку килограми, но и успешно да ги скрие недостатоците

Мора да го знаете видот на вашата фигура и да користите стилски техники кои буквално ќе намалат сè што сакате.

Ова се методите што би требало да ги земете предвид при креирањето стајлинг.

Еднобојна облека

https://www.instagram.com/p/BxhDDmJHDnW/?utm_source=ig_embed

Парчињата во исти нијанси создаваат вертикала во боја, која визуелно ја растегнува фигурата и ја прави вита. За стајлингот во една палета на бои да не изгледа здодевно, дајте им предност на светлите бои, наместо на основните тонови, поиграјте се со текстурите и материјалите и дополнете го изгледот со модни додатоци во контрастни бои.

Панталони со висок струк

https://www.instagram.com/p/B23kQUlhou0/?utm_source=ig_embed

Ако целта ви е да сокриете неколку вишок килограми, одберете панталони со висок струк од големиот број актуелни стилови. Оваа техника дејствува ефикасно за кој било тип тело. Важен детаљ: панталоните треба да бидат долги и делумно или целосно да ги сокриваат чевлите. Оваа техника, меѓу другото, визуелно ги издолжува нозете. Кроевите што оваа сезона се актуелни ќе ја создадат потребната вертикала  и ќе создадат ефект на бескрајно долги и вити нозе.

Облечете „врап“ фустан

https://www.instagram.com/p/CCI1tXeo1lI/?utm_source=ig_embed

Овој стил на фустани е одличен за секоја фигура и визуелно ќе ве направи повити (одбирајте фустани со геометриски детали во форма на вертикални или дијагонални ленти по истиот принцип). Важно е фустанот да го нагласува струкот и слободно да паѓа покрај колковите.

Панталони со широки ногавици

https://www.instagram.com/p/CB-T4-gBNOU/?utm_source=ig_embed

Ѕвонарките сè уште се еден од најпопуларните модели. Панталоните со широки ногавици ќе ги направат нозете бесконечно долги, додавајќи им висина и визуелно отстранувајќи го вишокот волумен на колковите. На стајлингот му додаваат женственост, решавајќи неколку проблеми одеднаш. Едно предупредување: ѕвонарките најдобро е да ги комбинирате со високи потпетици или со масивно дебел ѓон.

V-изрез

https://www.instagram.com/p/CB8C7MjBfI3/?utm_source=ig_embed

Оваа техника исто така дејствува на принципот на вертикалата. V-изрезот го продолжува вратот, ги урамнотежува широките рамена и ја издолжува силуетата. Покрај тоа, овој стил го нагласува убавото деколте.

Облеката што ја носите има своја енергија и влијание врз вас
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.