5 модни правила за пополни дами: Овие комбинации ги нагласуваат облините и ги кријат вишокот килограми

Визуелно ја издолжуваат ставата

Ви откриваме 5 модни правила за пополни дами со кои секогаш ќе изгледате убаво и фит

Денес модата не познава големина, висина ниту боја на кожата, како што тоа било некогаш. Модата денес претставува личен стил, израз, слобода и единственост. Облеката може да ги истакне нашите најубави страни, но само ако одбереме соодветни парчиња. Па затоа, пополните дами треба да знаат како да ги сокријат вишокот килограми и да ги истакнат своите облини на вистинскиот начин.

Ви откриваме неколку правила со кои можете да изгледате божествено и покрај вишокот килограми. Исто така, овие трикови ќе направат да изгледате визуелно послаби.

1. Одберете панталони со среден или висок струк

Иако панталоните со низок струк повторно се враќаат во мода, тоа не значи дека би требало да ги носите само за да бидете во тренд. Бидете поинакви и одберете панталони што достигнуваат високо над колковите, бидејќи тој модел убаво го обликува струкот и го покрива стомакот. Исто така, визуелно ги издолжува нозете.

2. Обрнете внимание на бојата на џинсот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by t a r a l y n n (@taralynn)


Ако купувате фармерки, имајте предвид дека темносините нијанси на џинс визуелно ги издолжуваат нозете. Покрај тоа, таа боја совршено се комбинира и многу е елегантна.

3. Нагласете го струкот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by t a r a l y n n (@taralynn)


Обликот на песочен часовник се смета за многу атрактивен, па многу е важно да го нагласите струкот најмногу што можете. Добар избор за ова е тенкиот ремен што се поставува преку маици, фустани на преклоп, кошули или кроп-топ џемпери.

4. Светли бои и дезени

 

View this post on Instagram

 

A post shared by t a r a l y n n (@taralynn)


Иако долго се мислеше дека треба да се одбегнуваат светли бои, бидејќи шират, познатите модни стилисти не се согласуваат со тоа. Слободно можете да носите светли бои, само внимавајте да не одбирате тенки и неквалитетни материјали, а што се однесува до дезенот, секогаш е важно да биде во склад со вашата градба.

5. Линии како доминантен дезен на гардеробата


Точно е дека хоризонталните линии дефинитивно не се најдобриот избор за оние што сакаат визуелно да изгледаат повити и послаби во одредена модна комбинација. Меѓутоа, не секој дезен со линии го создава овој ефект – на пример, бројните линии што се асиметрични можат да ве издолжат. Одбирајте гардероба со линии кои се виткаат навнатре и така ќе успеете да ги нагласите струкот и фигурата.

Кошулата-фустан што ќе ви ги реши сите модни дилеми
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.