Одберете сандали што ги издолжуваат нозете
Вистинските сандали можат комплетно да го променат начинот на кој изгледа целата фигура. Додека одредени модели визуелно ги „скратуваат“ нозете и ја прават силуетата покрупна, други создаваат впечаток на подолги, повити нозе и поелегантен од. Затоа, модните стилисти истакнуваат дека не е пресудна висината на потпетиците, туку, формата, бојата и кројот на обувките.
Ако сакате нозете да ви изгледаат подолги, а стајлингот пософистициран, обрнете внимание на овие пет модели…
1. Сандалите во боја на кожа ѝ се најголемиот сојузник на секоја жена
Ниту еден модел не ги издолжува нозете така како сандалите во нијанса што ѝ одговара на бојата на кожата. Поради тоа што визуелно се претопуваат со стапалото, не создаваат пресек помеѓу ногата и обувките, па нозете изгледаат подолги и поелегантни. Токму затоа, беж и пудрестите нијанси се меѓу омилените избори на модните стилисти.
2. Сандалите со тенки ремчиња изгледаат многу поелегантно
Широките ремчиња околу глуждовите визуелно ја скратуваат ногата. Наспроти тоа, тенките и дискретни ремчиња оставаат впечаток на леснотија и ја издолжуваат целата силуета. Особено убаво изгледаат моделите со едно ремче преку прстите и друго околу глуждот.
3. Шпицест или малку издолжен преден дел
Иако најчесто го поврзуваме со чевли, ваква форма постои и кај сандалите. Малку издолжениот преден дел оптички го продолжува стапалото, а со самото тоа и нозете. Затоа, ваквите модели речиси секогаш изгледаат поелегантно од кружните врвови.
4. Сандалите со блок-потпетица даваат висина и удобност
Ако не сакате тенки потпетици, блок-потпетиците се одличен избор. Додаваат неколку сантиметри висина, постабилни се за одење и му овозможуваат на стапалото да биде во поприродна положба. Покрај тоа, ваквите сандали лесно се комбинираат со фустани, панталони и здолништа.
5. Моделите со V-изрез над прстите визуелно го продолжуваат стапалото
Детаљот што многумина не го забележуваат е формата на предниот дел на сандалите. Моделите со V-изрез над прстите создаваат впечаток на подолго стапало и поелегантни нозе, поради што стилистите често им ги препорачуваат на жени со понизок раст или на оние што сакаат да изгледаат повити.
Модели што треба да ги одбегнувате ако сакате ефект на подолги нозе
Одредени модели може да имаат спротивен ефект.
Сандалите со многу дебели ремчиња околу глуждовите, контрастни бои или гломазни платформи, често ја пресекуваат линијата на нозете и ја прават фигурата пониска. Истото важи и за моделите со премногу украсни детали, кои визуелно го оптоваруваат стапалото.
Покрај изборот на сандали, важна е и комбинацијата на гардероба. Здолништата и фустаните над колена, панталоните со висок струк или моделите до глужд дополнително ја издолжуваат фигурата. Кога ќе се спојат со соодветни сандали, целиот стајлинг изгледа поскладно, поелегантно и поженствено.
ФОТО: Пинтерест, Freepik