4 модели на фустани кои совршено одговараат со патики: Пролетен хит број 1!

Трендови

Идеално решение за деловни и за опуштени прилики.

Патиките последнава сезона се носат со секаква можна облека, а комбинацијата на фустан и патики спаѓа во најудобните и најелегантните!

Сепак, не одговараат баш сите модели на фустани со сите модели на патики. Затоа ви претставуваме четири совршени комбинации!

  1. Плетен фустан и бели патики

Мекиот и топол плетен фустан е одличен избор за периодот на транзиција помеѓу сезоните. Најубаво одговара со бели патики, но внимавајте да не одберете „гломазен” модел.

  1. Блуза-фустан и елегантни патики

Ова е идеално решение како за деловни, така и за опуштени прилики.

https://www.instagram.com/p/B79mDjIgr8I/?utm_source=ig_embed

  1. Фустан со каиш и патики над глужд

Овој романтичен фустан бара женствен еквивалент. Патиките над глужд се правилниот избор!

  1. Фустан на прерамки и шарени патики

Елегантниот фустан на прерамки, најчесто во сјаен материјал, најмногу ќе воодушеви во комбинација со шарени патики во весели бои.

Женствениот крој го претвора овој фустан во совршен избор за навечер, не само за дневни и деловни прилики.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.