3 совети како да го направите црниот стајлинг пролетен

Модни трикови

Поиграјте се со деталите во боја и нема да погрешите

Кога е во прашање облеката, не можете да погрешите со црната боја. Тоа дефинитивно е најпрактичната боја што може да ја носите – оди со се’, визуелно истанчува и лесно се комбинира со сите други бои. Според тоа, целосно црниот стајлинг звучи совршено, зар не?

Сепак, некако ни се чини дека црното е резервирано за студените и мрачни денови. Одлучивме да го разбиеме тој мит и да го докажеме спротивното.

Во продолжение, ви предлагаме три идеи како да го направите црниот стајлинг пролетен, а тајната е во модните додатоци…

Бели патики

https://www.instagram.com/p/BLjGTf_BdOF/?utm_source=ig_embed

Освен што се модерни сами по себе, белите патики ќе направат одличен контраст во комбинацијата со црн стајлинг. Може да ги носите со едноставни комбинации, како што се црни фармерки и класични маици, но и со одело, здолниште или фустани. Не можете да погрешите со нив. Што се однесува до моделот на патики, изборот е ваш. Одберете го оној што најмногу ти одговара. Во случај да не сакате патики, истиот ефект може да го постигнете со кој било друг бел пар обувки.

Шарена марама

https://www.instagram.com/p/BxjgMaqpsQA/?utm_source=ig_embed

Постои ли нешто што потсетува на пролет повеќе од шарената марама? Овој додаток му дава шарм на секој аутфит, а најдобро доаѓа до израз во монохроматски комбинации. Марамата е уште еден во низата трендови од 90-тите. Може да се носат на неколку различни начини – околу врат, во коса, на чанта или околу половината наместо ремен. Покрај тоа, може да се носат на безброј различни комбинации. Достапни се во различни бои и со различни дезени, а пролетва важи само едно правило: што пошарено тоа подобро!

Впечатлива чанта

https://www.instagram.com/p/BnvOvIOBdid/?utm_source=ig_embed

Веруваме дека сите ќе се сложите дека впечатливата чанта може да ја зачини секоја комбинација, па така и целосното црна. Веднаш ќе му даде живост на црниот стајлинг и ќе го направи ефектен. Со оглед на тоа што црната одлично оди со сите бои и дезени, на располагање имате навистина голем избор на разни чанти. Чантата може да биде впечатлива благодарение на нејзиниот необичен облик, интензивни бои, шарени дезени, разни текстури… Важно е само да биде што пооткачена!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.